понеделник, 27. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Маричиќ: Поставувањето на Груби за координатор на Коридорот 8 е поради посилна координација

Маричиќ: Поставувањето на Груби за координатор на Коридорот 8 е поради посилна координација

Вицепремиерот за евроинтеграции Бојан Маричиќ денеска изјави дека проектот за Коридотор 8 е најважниот инфраструктурен проект на оваа Влада и оти сите вложуваат максимални напори тој да успее. Поставувањето на првиот вицепремиер и министер за полиитчки систем и односи меѓу заедниците Артан Груби за координатор на проектот, според него, е поради тоа што има потреба од посилна координација бидејќи повеќе институции се вклучени во изградбата на автопатот.

– Тоа што Владата одлучи вицепремиерот Артан Груби да биде координатор на активностите поврзани со Коридорот 8 значи дека има потреба од посилна координација затоа што има надлежности коишто припаѓаат на Министерството за транспорт и врски, тие се бројни и тие никој не му ги одзема. Напротив, ќе ги спроведува Министерството за транспорт и врски. Но, исто така, има многу процедури и акции коишто треба да се преземат во однос на меѓусебна комуникација на институциите, дозволи, процес на експропријација. Навистина има многу работа во тој проект и затоа еден од вицепремиерите е задолжен да го следи спроведувањето и да биде еден вид на надзор и поддршка на тој процес и тоа не е првпат и тоа не е ништо чудно, рече Маричиќ.

Најнови вести