четврток, 28. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Трипуновски со апел: Во буџетот на Агенцијата за стокови резерви има доволно пари да се откупи 10.000 тони домашна пченица по цена од 22 денари, Николовски веднаш да реагира

Трипуновски со апел: Во буџетот на Агенцијата за стокови резерви има доволно пари да се откупи 10.000 тони домашна пченица по цена од 22 денари, Николовски веднаш да реагира

Уште во октомври месец јавно говорев дека владата и Агенцијата за стокови резерви набавува увезена пченица по цена поскапа од берзанската, додека домашната пченица стои неоткупена. Апелирав наместо да се трошат парите и државата да ги полни стоковите резерви со увезена пченица, веднаш да ја откупи целата домашна пченица на нашите земјоделци, посочува Цветан Трипуновски од ВМРО-ДПМНЕ.

Во продолжение го пренесуваме неговиот Фејсбук статус:

Доколку ги послушаше моите барања, владата ќе постигнеше двоен ефект. Од една страна ќе им беше откупена целата пченица по рентабилна цена, со што ќе имавме задоволни земјоделци, а од друга страна владата ќе заштедеше и немаше да плаќа прескапа пченица по 27 денари за килограм.

Но, истата таа влада која вели дека се грижи за македонските земјоделци остана глува на моите барања само поради тоа што предлогот доаѓа од ВМРО-ДПМНЕ.

И денеска имаме се поголем револт и незадоволство, а секојденвните протести се доказ за тоа.

Но, ако мене не ме послушаа тогаш нека ги послушат производителите на пченица кои бараат државата да им ја откупи пченицата по реална цена од 20 до 22 денари за килограм. Но, од владата без конкретен одговор дали ќе им помогнат или не. велат дека во новиот буџет кој е тежок над 4 милијарди евра, за Агенцијата за стокови резерви се изводени 352.000.000 денари.

Воедно, ако во буџетот на Агенцијата за стокови резерви има пари тогаш може веднаш истите да се искоростат.

Апелирам до Николовски како ресорен министер веднаш да реагира до Ковачевски и по иницијатива на владата преку Агенцијата да објави оглас за купување на 10.000 тони македонска пченица по цена од 22 денари за која ќе бидат потребни 220.000.000 денари.

П.С. Ајде Николовски излези од матрицата на неспособната влада и покажи дека навистина водиш грижа за македонските земјоделци! Во спротивно, само уште еднаш ќе докажеш дека си најодговорен за уништеното македонско земјоделство!

Најнови вести