Додека Ковачевски е премиер, неговата сопруга добива државна земја за изградба на фотоволтаична централа, се вели во партиското соопштение на опозициската ВМРО-ДПМНЕ.
-1.119 м2 за 70 денари по м2 добива сопругата на Ковачевски со Одлука на Влада, која наместо Ковачевски ја потпишува Артан Груби. Бизнисот од кој Ковачевски тврдеше дека излегол, и го оставил на кумот, сега влегува неговата сопруга и сето тоа додека тој е премиер. Земјиштето кое Ковачевска го добила од Владата е последниот дел од сложувалката за дооформување на нејзината парцела и вадење на дозволи за градба. Како што пишуваа медиумите се работи за инвестиција на 1.8 мегаватна централа, чија изградба чини над 1 милион евра, истакнуваат од опозициската партија.
Додека народот гладува, семејството на Ковачевски влегува во милионски бизниси. Затоа се потребни промени, додаваат од ВМРО-ДПМНЕ.