понеделник, 25. декември 2023. Вести денес: 0
home Скопје

„Островска“ во Лисиче добива мултифункционален спортско-рекреативен комплекс

„Островска“ во Лисиче добива мултифункционален спортско-рекреативен комплекс

​Активностите за унапредување на урбаното и локално живеење во Општина Аеродром продолжуваат со нови инвестиции на локацијата „Островска“ во Лисиче, каде наскоро започнува изведбата на нов мултифункционален спортско-рекреативен комплекс, што вклучува изградба на фудбалско, кошаркарско и детско игралиште, поставување на павер елементи, клупи, осветлување и хортикултурно уредување на околниот простор.

Станува збор за инвестиција која го адресира проблемот на граѓаните од овој дел на Аеродром и е целосно е финансирана со средства од буџетот на општината.

„Ветивме дека проектите и инвестициите ќе се однесуваат на сите делови од Аеродром, а токму затоа задоволство е кога ќе се види дека овие ветувања се реализираат. Населбите кои со години важеа за заборавени добиваат содржини кои го унапредуваат урбаното живеење и секојдневието на граѓаните. Убеден сум дека ова место ќе биде причина спортување и нови маалски дружби кои ќе го задржат духот на Аеродром“, напиша градоначалникот Муцунски во својата објава.

Реализацијата на овој спортско-рекреативен комплекс кој ќе стане ново место кое ќе ги сплотува и обединува лисичани, е дел од поголема пролетна градежна офанзива која се реализира во овој дел од Аеродром. Во рамките на акцијата, во употреба е пуштено ново детско катче во градинката „Лавче“, а наскоро почнува и надградбата на основното училиште „Гоце Делчев“.

Повеќе зелени површини за почиста општина и повеќе мултифункционални простори за поубав Аеродром. Општина Аеродром активно работи на реализација на неколку проекти кои ќе ги разубават населените места и општината оваа пролет.