понеделник, 25. декември 2023. Вести денес: 0
home Скопје

Демант на општината Аеродром: Конкретниот ДУП кој се однесува за дел од населбата Лисиче е изработен пред неколку години, пред доаѓањето на Муцунски

Демант на општината Аеродром: Конкретниот ДУП кој се однесува за дел од населбата Лисиче е изработен пред неколку години, пред доаѓањето на Муцунски

Победниците во категоријата „лажни и нереални вести и информации“ повторно деновиве во обид да ја дезинформираат јавноста.  За жал неуспешно заврши блефот на коалицијата Левица и СДСМ за собирање политички поени со лаги и дезинформации, ова денеска преку демант до јавноста го истакнуваат од општината Аеродром.

„Објавите, вестите и прес конференциите за процесот на донесување на Детален урбанистички план во Општина Аеродром е целосна лага и измислица, креирана во ПР службите на овие политички парии, кои за жал немаат допир со реалноста и одамна го надминаа прагот на коректност и пристојност. Политичари кои немаат врска од политика, деновиве со обидуваат да бидат и планери, но за жал на листата евидентираат уште еден во низата неуспешни обиди. Конкретниот ДУП за кој деновиве се пишува на социјалните мрежи и во медиумите еи кој конкретно за се однесува за дел од населбата Лисиче е изработен пред неколку години, пред доаѓањето на Муцунски за градоначалник во Општина Аеродром. Во него најголемиот дел од парцелите, односно повеќе од 95% се наменети за А1 објекти за индивидуално домување, односно за семејни објекти, што говори за фактот дека со него се решаваат инфраструктурни и сообраќајни проблеми, но и неговото донесување ќе значи и забрзување на процесот на решавање на веќе поднесените барања за легализација на бесправно изградените индивидуални објекти во ова населено место. Најважно од се дека истиот, во ниту еден случај не предвидува изградба на стотици згради, напротив решава проблем на стотици граѓани во овој дел од општината. Целата постапка за измена на постоечкиот ДУП е јавна, транспарентна и во согласност со законите. Токму поради тоа во тек е јавната анкета преку која граѓаните со свои забелешки и сугестии може да даваат предлози за негова корекција и доработка. И во таа насока уште еднаш ги повикуваме граѓаните да го погледнат планот, да пополнат анкетни листови и да се уверат за што станува збор. Воедно да увидат дека информациите кои се пласираат во јавноста се целосна лага и невистина. Токму забелешките од граѓаните ќе бидат основа за носење поквалитетен Детален урбанистички план, а финалната верзија од ДУП-от ќе биде изработена по завршување на јавната анкета и во неа ќе бидат земени предвид најголемиот дел мислењата и ставовите на граѓаните кои живеат во овие населени места“, велат од општината.

Од таму додаваат дека Аеродром е транспарента и отворена општина, која одлуките ги носи во консултација и соработка со граѓаните. Фактот дека за конкретниот ДУП веќе тече постапка на консултација со јавноста, е уште една потврда за истото. Општината Аеродром, преку стручните служби стои целосно на располагање за сите прашања и забелешки на граѓаните.

-На крајот уште еднаш потенцираме дека токму хуманата урбанизација и решавање на инфраструктурните проблеми на граѓаните беше едно од клучните ветувања во изборната програма на Градоначалникот Тимчо Муцунски. Во оваа прилика уште еднаш апелираме до политичките субјекти да се воздржат од ширење лаги и дезинформации, но апелираме и до граѓаните со апсолутна резерва да ги земаат предвид вестите кои се споделуваат од изворите кои досега во сите наврати се покажале како извор кој единствено шири, лаги, манипулации и дезинформации, стои во демантот на општината.