Американскиот актер Двејн Џонсон објави видео од својот напорен тренинг за да ги мотивира следбениците да се занимаваат со физичка активност, но многумина забележале една работа.
Имено, актерот открил дека со тешка мака се натерал да замине на тренинг во 23 часот бидејќи тоа не е негово вообичаено време за вежбање.
„Телото не сакаше да тренира среде ноќ, но еден глас во мојата утроба велеше дека можеби не сакаш, но по ден каков што е денешниот, мораш. Искрено, завршив со еден од најдобрите тренинзи. Целосно освежен и способен да ја разбистрам главата и енергијата. Мојот адреналин беше на 10, така што на некој начин сето ова беше многу смирувачки за мене“, напишал тој.
View this post on Instagram
„Мораме да го слушаме тој глас во утробата кој вели ‘да’ кога остатокот од нашето тело вели ‘не’. Имајте продуктивна недела“, напишал Џонсон под објавата.
Меѓутоа, неговите следбеници забележале дека горниот дел од телото му е набилдан, додека нозете на видеото не изгледаат така.
View this post on Instagram
„Вежбаш ли нозе?“, „Сега можам да кажам дека имам листови како Двејн Џонсон“, „Не го прескокнувај тренингот за нозе“, „Моите листови се поголеми од неговите. Ако не постигнам ништо во животот, барем ќе бидам горд поради тоа“, се нижат коментарите под снимката.
Инаку, Џонсон претходно изјави дека обично внесува околу 6.000 калории дневно за да ја одржи својата мускулна маса.