среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Живот и стил

ДАЛИ ИМАТЕ ПРОБЛЕМИ СО ВАРЕЊЕТО? По само 2 голтки, овој напиток ќе ви го забрза варењето!

ДАЛИ ИМАТЕ ПРОБЛЕМИ СО ВАРЕЊЕТО? По само 2 голтки, овој напиток ќе ви го забрза варењето!

Постојат три различни пијалоци кои се користат за забрзување на варењето, а во оваа статија ќе дознаете повеќе за секој од нив, а и како правилно да ги консумирате за да бидат што поефективни.

За време на празничната сезона често нè преплавуваат слатки, солени и мрсни специјалитети, па забораваме на тоа како можеме да го поттикнеме варењето. Подолу ви пренесуваме три помошници кои ќе помогнат и на најтврдокорното варење да тргне во акција.

Топла вода и лимон

Исцедете цел лимон во чаша млака вода и испијте го. Овој напиток можете да го консумирате и како превентивна мерка за спречување на пробавни попречувања.

Маслиново масло и лимон

Проголтајте една лажица маслиново масло, по желба разредено со природен сок од лимон. Овој домашен лек за поттикнување на варењето најдобро е да се конзумира наутро или неколку часа по оброкот.

Сода бикарбона и млака вода

Измешајте половина лажичка сода бикарбона во чаша млака вода. Оваа намирница со генерации е позната како сојузник на лошото варење, но важно е да се напомене дека треба да користите само фармацевтска сода бикарбона без алуминиум, која можете да ја купите во аптеки или продавници за здрава храна.

Напомена: Овој рецепт не се препорачува за оние кои страдаат од чир на желудникот.

Овие совети се добредојдени кога варењето е толку бавно што му е потребна „надворешна“ помош.

Но, за да не се будите „тешки“ и уморни, не заборавајте во вашето дневно мени да вклучите: вода, пробиотици, овошје и зеленчук богати со влакна (грав, морков, брокула, бобинки, портокали…).