среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Скопје

За Велигден дел од јавните паркиралишта на „Градски паркинг“ слободни за паркирање

За Велигден дел од јавните паркиралишта на „Градски паркинг“ слободни за паркирање

Јавните паркиралишта „Народен фронт“, „АМСМ“, „Дом на печат“, „ЗОИЛ“, Тутунски комбинат и „8 Септември“ утре ќе бидат слободни за паркирање. Од ЈП „Градски паркинг“ – Скопје информираат дека паркиралиштата „Кочо Рацин“, Градска болница, Клинички центар „Мајка Тереза“, „Треска“ и катните гаражи „Беко“ и „26 Јули“ ќе работат со редовно работно време од 00 до 24 часот.

Јавните површини наменети за паркирање – Зоните А, Б и Ц ќе бидат отворени со редовно работно време од 7 до 21 часот, а зона Д од 07 до 23 часот.

В сабота јавните паркиралишта „Народен фронт“, „АМСМ“ и „Дом на печат“ ќе бидат слободни за паркирање. Тутунски комбинат и ЗОИЛ ќе работат со работно време од 07 до 14 часот, додека „8 Септември“, „Кочо Рацин“, „Градска болница“, Клинички центар „Мајка Тереза“, „Треска“ и катните гаражи „Беко“ и „26 Јули“ ќе работат со редовно работно време од 00 до 24 часот.

Јавните површини наменети за паркирање – Зоните А,Б и Ц ќе бидат со редовно работно време од 07 до 14 часот, а зона Д од 07 до 23 часот.

В недела јавните паркиралишта „Кочо Рацин“, „Градска болница“, Клинички центар „Мајка Тереза“, „Треска“ и катните гаражи „Беко“ и „26 Јули“ ќе работат со редовно работно време од 00 до 24 часот.

Јавните површини наменети за паркирање – Зони А, Б и Ц нема да работат.

В понеделник јавните паркиралишта „Кочо Рацин“, „Градска болница“, Клинички центар „Мајка Тереза“, „Треска“ и катните гаражи „Беко“ и „26 Јули“ ќе работат со редовно работно време од 00 до 24 часот.

Јавните површини наменети за паркирање – Зони А, Б и Ц, нема да работат.

Јавната површина наменета за паркирање – Зона А0 Водно в сабота, недела и понеделник ќе работи со редовно работно време од 8 до 16 часот. (МИА)