Сека Алексиќ и Вељко Пиљикиќ се пример за стабилен брак кој е исполнет со љубов повеќе од десет години.
Поминаа низ многу предизвици, а пејачката често истакнува дека е благодарна на Бога што го запознала сопругот.
Вељко претходните години има многу специфичен имиџ, а Сека со своите следбеници пред повеќе години сподели слика од него без брада додека патува со авион.
Тој ја скратил косата, целосно ја избричил брадата, а многумина не го препознаа, додека жените коментираа дека и тогаш и сега изгледа одлично.