петок, 15. декември 2023. Вести денес: 0
home Познати

НА ВЕЛИГДЕН ПРИКОВАН ЗА КРЕВЕТ – Дарко Лазиќ не може да стане, неговата девојка му ги преврзува раните (ФОТО)

НА ВЕЛИГДЕН ПРИКОВАН ЗА КРЕВЕТ – Дарко Лазиќ не може да стане, неговата девојка му ги преврзува раните (ФОТО)

Пејачот Дарко Лазиќ неодамна беше опериран за затегнување на кожата на стомакот, а после тоа неговата здравствена состојба се искомплицира.

Тој извесно време закрепнуваше во приватна болница, а неговата девојка Катарина сега на својот Инстаграм покажа како и самата се грижи за него.

Имено, таа го снимила Дарко како лежи во кревет, додека на стомакот му се гледала газа со која му ја преврзала раната.

– На празници жената е медицинска сестра – напишала Каќа на својот Инстаграм профил.

Инаку, Лазиќ неодамна направи уште една во низата операции, а по операцијата за медиумите го кажа следново:

-Имав операција на стомакот. Не можам да пеам, ќе ми се скинат конците. Закрепнувањето оди добро. Се ќе биде во ред. Љубовта е лек за се. Овој рудник ќе расте како квасец. Морам да имам друг третман. Станувам рано за да добијам друг третман. Доаѓа докторот – изјави неодамна Дарко Лазиќ, кој мораше да ги откаже настапите во наредниот период.

Најнови вести