Возачот на Хонда, Алекс Ринс, ја запиша првата победа сезонава во Мото ГП шампионатот, откако славеше на трката за Големата награда на САД, пред се поради големата грешка и излетувањето на Франческо Бањаја од Дукати. Трката започна со неколку излетувања во воведните кругови, пред се на
Бањаја, Хорхе Мартин и Алекс Маркез, како и на Џек Милер во седмиот круг. Во продолжение, Ринс без никаква мака стигна до првиот триумф оваа сезона, а зад него заврши Лука Марини кој ја доби битката со Фабио Квартараро, за кого ова е прв подиум оваа сезона.