среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Општини

Во Радовиш се одржа Меѓународниот фолклорен фестивал „Велигденски средби“

Во Радовиш се одржа Меѓународниот фолклорен фестивал „Велигденски средби“

На традиционалниот Меѓународен фолклорен фестивал „Велигденски средби“, кој по 18 пат се одржа во Радовиш и има натпреварувачки карактер, најуспешни беа играорците на КУД “Китка“ од Истибања, а Гран при наградата му припадна на КУД „Бојмија“ од Гевгелија.

Како што информираа од локалната самоуправа, Фестивалот се одржал во манастирскиот комплекс „Свети Ѓоргија“ под покровителство на градоначалникот и Општина Радовиш.

На Фестивалот учествувале 18 фолклорни ансамбли од земјава и странство, кои се натпреварувале од 15 до 17 април.  (МИА)