недела, 10. март 2024. Вести денес: 0
home Вести

ВМРО-ДПМНЕ: Работната група без кредибилитет, еминентни професори од областа одбија да учествуваат во циркусот на СДС и ДУИ, сите знаат дека народот не сака промени на Устав

ВМРО-ДПМНЕ: Работната група без кредибилитет, еминентни професори од областа одбија да учествуваат во циркусот на СДС и ДУИ, сите знаат дека народот не сака промени на Устав

Работната група без кредибилитет, еминентни професори од областа одбија да учествуваат во циркусот на СДС и ДУИ, сите знаат дека народот не сака промени на Устав, се вели во партиското соопштение на опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

-СДС и ДУИ, и другите партии дел од нивната коалиција немаат мандат да го менуваат Уставот. Нема консензус за промена на Уставот, затоа еминентни професори и експерти одбија да учествуваат во партиските собиранки на СДС и ДУИ во таканаречената работна група. Соочени со реалноста, дека никој не ги поддржува, СДС ангажираат родители на нивни партиски функционери кои се во пензија, како што е таткото на поранешниот градоначалник на Ѓорче Петров, Бранко Наумовски. Ана Чупеска која поддржува апсење и затворање на новинари е исто личност која треба да крои уставни измени. Неможе да биде експертска и независна работна група кога во неа членува и сестрата на Теута Арифи, Беса Арифи, која со години е во врвот на ДУИ. Каде оди СДС не знае и самата СДС, имено немајќи кого да ангажираат ја вклучуваат и Јагода Митревска, која самата нагласува дека има искуство во следење на изборни процеси и кампањи и тоа во Русија, истакнуваат од опозициската партија.

Сите останати лица дел од таканаречената работна група се или пензионери или луѓе без експертиза по уставно право, а ги спојува само СДС и ДУИ, чии апологети се, додаваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Најнови вести