Ракометарите на Алкалоид во натпревар од 11. коло од суперлигашкиот плеј-оф на свој терен славеа убедлива победа против Охрид со 31:23 .
За жал тимот на Кире Лазаров во последните 20 минути остана без македонскиот ракометен репрезентативец Костадин Петров кој во 40-та минута заработи тешка повреда на десното колено.
Кружниот напаѓач при судир со еден од противничките ракометари незгодно падна на теренот. Искусниот ракометар не изгледаше добро, му беше пружена лекарска помош и мораше со носилка да биде изнесен од спортската сала Автокоманда.
Во следниот период треба да се знае каква е тежината на повредата на Петров, но најверојатно сезоната за него е веќе завршена и освен средбите во македонското ракометно првенство ќе ги пропушти и мечевите на македонската машка ракометна репрезентација.