недела, 10. март 2024. Вести денес: 0
home Вести

Мицкоски: Во Јегуновце се реализираат проекти, градоначалникот работи посветено, се реконструираат училишта, се пуштаат градинки и се градат улици и канализации

Мицкоски: Во Јегуновце се реализираат проекти, градоначалникот работи посветено, се реконструираат училишта, се пуштаат градинки и се градат улици и канализации

Навистина можам да го кажам своето задоволство за ова што го слушнавме од градоначалникот на општина Јегуновце навистина е импозантно, односно се реконструираат училишта, се пуштаат градинки, се градат улици, се градат канализации, паркови. И навистина од сето ова кое што го слушнав можам да кажам дека дури и она кое што било ветувано и повеќе имаме можност нормално до крајот на мандатот на градоначалникот на општина Јегуновце да го реализираме, па дури и она кое што не било ветувано со идната влада на ВМРО-ДПМНЕ, изјави денеска лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.

-Убеден сум дека можеме тоа да го направиме бидејќи тука се работи чесно, се работи посветено, храбро и мислам дека ако вака се продолжи, а нема зошто да не се продолжи, јас сум убеден дека вака ќе се продолжи и со идната влада наместо да опструира, ќе помага, ќе може да се реализира и повеќе од тоа кое што било ветувано.

Сакам да му честитам на градоначалникот, на тимот кој што тука работи, на луѓето од администрацијата, на советниците во општина Јегуновце и да им посакам уште многу вакви проекти бидејќи ова се проекти кои што се значајни за сите жители во општина Јегуновце.

Исто така ја користам оваа прилика да го поздравам и градоначалникот Јовица на општина Брвеница кој што е тука со нас, пратеникот Александар, луѓето од општина Јегуновце кои што се денеска со нас и да ги убедам дека во периодот кој што следи, а посебно со идната влада на ВМРО-ДПМНЕ уште многу, многу работи ќе бидат реализирани. Нема заборавени места, овие повеќе од 25 илјади квадратни километри македонска држава секаде ќе се посвети подеднакво внимание. Сите места ќе бидат подеднакво третирани и нема да има за идната влада на ВМРО-ДПМНЕ заборавени места како што тоа е сега случај со владата на ДУИ поддржана од помалиот партнер СДСМ.

Така што уште еднаш честитки до Диме и до луѓето овде, се надевам и ги охрабрувам така да продолжат во периодот кој што следи, рече Мицкоски.

Најнови вести