среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Хороскоп

Дневен хороскоп за 23 април 2023

Дневен хороскоп за 23 април 2023
ФОТО: Shutterstock

Овен

Расеани сте. Загрижени сте поради работи кои самите сте ги смислиле и ги решавате проблемите кои ќе се случат во иднина. Вашата деконцетрираност и однесувањето на работа може скапо да ве чини, па подобро благовремено да се тргнете и да го одвоите сонот од реалноста.

Бик

Сте повлекле брзи потези па поради тоа сте се нашле во ситуација од која нема излез. Блефирањето не успеало па пред вас е непријатен разговор со претпоставен. За да ги ублажите последиците, доброволно превземете одговорност и решете го проблемот.

Близнаци

Донесувате одлука која ви нуди само привремено решение. Иако знаете дека работите не одат онака како што се посакувале, се задоволувате со моментално решение. Идеално би било кога се би можеле да одложите и да дадете себе си време уште еднаш добро да размислите.

Рак

Неконтролирано може да избувнете па извесна е сериозна расправа со непознати лица на јавно место. Исто така можни се контакти со лица од другата страна на законот. За да избегнете непријатности денот минете го во друштво со саканата личност.

Лав

Секогаш зборувате за промените па тоа станува напорно за вашето опкружување, особено за соработниците. Своите стравови најмногу ги проектирате на женскиот дел од популацијата. Со невнимателна изјава може да предизвикате жестока караница, иако верувате дека сте добронамерни.

Девица

Доколку на било кој начин сте вклучени во трговија, денот ќе биде стресен за вас. Иако сте во искушение да довршите некои незавршени работи, одолејте на искушението и се одложете за некое време, затоа што се што ќе направите денеска, ќе го правите повторно.

Вага

Можни се потези кои од корен ќе го променат вашиот професионален пат. Доколку излез гледате во големи позајмици, најдобро е да се откажете затоа што подоцна ќе ве изненадат неповолни детали кои не сте ги приметиле на време.

Шкорпија

Имате шанса да ги надминете старите несогласувања и да го освежите контактот со луѓето кои порано сте ги елиминирале. Вашата убедливост носи добри резулатти, но не претерувајте во тоа, затоа што на тој начин ќе преземете одговорност која не е ваша.

Стрелец

Ве очекуваат поволни договори, успешни купувања и стабилизација на полето финансии. Ако носите некоја важна одлука, денот е поволен за тоа. Бидете истрајни, не се откажувајте од почнување на нови проекти затоа што слична прилика нема да се повтори наскоро.

Јарец

Сте прифатиле обврски кои не се во согласност со вашата природа. Се тешите на тоа што се гледате како на привремен проект кој кога ќе се заврши носи нови можности. Ако во сето тоа е вклучен и партнерот, бидете внимателни, распределбата на улоги може да прерасне во навика.

Водолија

Добивате нови задолжувања. Со оглед на тоа дека е во прашање нова област во која досега не сте се пробале, ќе ве носи голема мотивација. Докажувате себе си колку се големи вашите способности. Внимавајте, не сте безгрешни.

Риби

Од комарец правите магаре. Сте се насочиле кон нешто што е целосно неважно. На удар е партнерот кому се обидувате да му демонстрирате моќ. Вашате недопирливост не е бескрајна, ако не се сопрете на време, следува фијаско.