петок, 24. ноември 2023. Вести денес: 0
home Скопје

Во среда дезинсекција против ларви од комарци во Скопје

Во среда дезинсекција против ларви од комарци во Скопје

Втората фаза од дезинсекцијата во главниот град против ларви од комарци ќе биде извршено во раните утрински часови во среда, соопштија од Град Скопје.

Како што информираат од Градот, авионската дезинсекција на подрачјето на градот Скопје, против ларви од комарци, ќе се реализира на 26.04.2023 (среда), во раните утрински часови. Додека терестричната дезинсекција (втора фаза) на подрачјето на градот Скопје, против ларви од комарци, ќе се реализира истиот ден во текот на денот.

Доколку временските услови не го дозволуваат вршењето на дезинсекцијата, ќе се прска првиот нареден ден, кога ќе бидат поволни временските услови, во истиот термин.

Од Град Скопје апелираат пчеларите навреме да ги преземат потребните мерки за заштита на пчелите.