понеделник, 11. март 2024. Вести денес: 0
home Вести

Блинкен: Завојуваните судански генерали се согласија да го продолжат примирјето за уште три дена

Блинкен: Завојуваните судански генерали се согласија да го продолжат примирјето за уште три дена

Американскиот државен секретар Ентони Блинкен синоќа изјави дека двајцата завојувани судански генерали се согласиле да го продолжат кревкиот прекин на огнот за уште три дена, бидејќи странските земји продолжуваат да ги евакуираат своите граѓани од Судан.

Завојуваните страни, редовната армија и паравоените сили за брза реакција, главно ги игнорираа серијата прогласени прекини на огнот.

Најновиот прекин на огнот, кој се совпаѓа со тековниот муслимански празник, помогна да се олесни евакуацијата на илјадници луѓе од главниот град на Судан, Картум.

Примирјето требаше да истече синоќа.