среда, 13. декември 2023. Вести денес: 0
home Ракомет

Костадин Петров мора на операција, го чека долга пауза

Костадин Петров мора на операција, го чека долга пауза

На натпреварот против Охрид сериозно се повреди искусниот кружен напаѓач на Алкалоид и на македонската ракометна репрезентација, Костадин Петров.

Ракометарот на носилки беше изнесен од салата во Автокоманда и веднаш можеше да се претпостави дека се работи за сериозна повреда.

Петров ќе замине на оперативен зафат, за да ги реши проблемите на коленото. За него оваа сезона заврши и го чека пауза од неколку месеци. Најпозитивните прогнози се дека ќе биде подготвен за стартот на следната сезона.