среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Македонија

За меки петици: Лесно до негувани стапала

За меки петици: Лесно до негувани стапала

Се наѕира летната сезона на отворени обувки, па ако сакате стапалата да ви изгледаат прекрасно во сандали, закажете си третман – дома!

Не мора да трошите пари на третмани во салон за убавина, ви предлагаме рецепт за педикир по принципот „направи сам“.

Постојат еден куп домашни третмани за поубава и помека кожа на стапалата, но поедноставен и поевтин од оваа тешко дека ќе најдете.

Значи, за да се ослободите од сувата и распукана кожа на петиците, но и да се почестите со мини спа третман и 15-минутна релаксација, потребни ви се:

– млеко

– сода бикарбона

Треба да ги натопите нозете во длабок сад со топло млеко десет минути. После тоа, добро истријте ги со сода бикарбона, и оставете ги да стојат во млекото некое време.

Потоа исплакнете со топла вода и нанесете дебел слој крем за нега на стапала. Веднаш ќе забележите колку е помека и понежна кожата на стапалата. Постапката можете да ја повторувате еднаш неделно.