среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

МВР: 535 санкции за брзо возење

МВР: 535 санкции за брзо возење

Во текот на вчерашниот ден (25.04.2023) Министерството за внатрешни работи спроведе засилена акциска контрола на територијата на Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 535 возачи.

Од нив 31 возило се движело со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а три возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа 321 возило ја пречекорило брзината во населено место, а 214 надвор од населено место.

-Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта, информира МВР.

Најнови вести