петок, 1. декември 2023. Вести денес: 0
home Останати спортови

Струмица Никоб дојде до десеттата јубилејна титула во македонската одбојка

Струмица Никоб дојде до десеттата јубилејна титула во македонската одбојка

Одбојкарите на Струмица Никоб дојдоа до третата победа во финалната серија против ГОК Борец и ја освоија јубилејната десетта титула.

Струмичани славеа со 3:0 на домашен терен и ја заокружија серијата на доминантен начин. Во првиот сет Струмица Никоб немаше проблеми и го доби со 25:18, но Борец сериозно се закани во вториот сет.

Имаше водство од 24:22 во поени, но повторно не успеа да го комплетира сетот. Искусниот Васе Михаилов влезе на теренот и помогна Струмица Никоб да освои четири поени во низа, за освојување и на вториот сет со 26:24.

Третиот сет потоа беше рутина за струмичкиот тим. Го доби со 25:19 и дојде до десеттата шампионска титула во клупската историја.