среда, 22. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

ЕПП конта Бугарија и во одбрана на Николоски, нема никаква забрана за зборување

ЕПП конта Бугарија и во одбрана на Николоски, нема никаква забрана за зборување

Бугарските пратеници Георг Георгиев и Деница Сачева тврдеа дека реагирале за „тешка повреда на процедурата”, по што на Александар Николоски од ВМРО-ДПМНЕ, му било, како што рекоа суспендирано правото понатаму да зборува во име на групата на Европската народна партија.

-Со години Бугарија одбива да ги спроведе пресудите на ЕСЧП. Има 16 пресуди на Судот кои што се однесуваат на Македонците во Бугарија, а кои не се спроведени. На Македонците им е забрането да го користат и да го учат нивниот мајчин јазик, им се забранува правото на здружување, како и учество на избори. Овие пресуди мора да се спроведат. Националниот устав и суд не можат да бидат над пресудите од Европскиот суд за човекови права, рече Николоски.

За Бугарите оваа изјава на Николоски сигурно звучела како нешто за кое би реагирале, но фактите велат дека ЕПП не му дала забрана на македонскиот пратеник, напротив, од таму го демантираат тоа што бугарските пратеници го велат.

-На прашањето на „Слободен печат” колку време ќе трае таа суспензија бугарските пратеници немаат одговор и кусо велат „ќе видиме”. Исто како што немаа одговор и на прашањето зошто никој од нив не зеде збор на сесијата за да возврати на обвинувањата. Објаснување на случајот побаравме и од групата на ЕПП во ПССЕ, од каде што неофицијално потврдија дека на состанокот имало реакција и расправија, но никој не зборува за суспензија на правото на обраќање во име на групата. Според извори во ПССЕ, претседателот на групата не може да му забрани на потпретседателот да зборува во име на групата, информира „Слободен печат”.

Николоски на тврдењата на неговите бугарски колеги од ЕПП за суспензија на правото на обраќање во име на групата реагираше со изјава дека Бугарите нервозни направиле инцидент во ЕПП што е доказ на нивната хистерија по изјавата дека Советот на Европа мора да ја казни Бугарија и да и воведе санкции за да ја принуди да ги спроведе пресудите на ЕСЧП.

Најнови вести