недела, 26. ноември 2023. Вести денес: 0
home Познати

Северина се сопна и се струполи на сцената – „ова го правам секогаш кога сакам да одморам“ (ВИДЕО)

Северина се сопна и се струполи на сцената – „ова го правам секогаш кога сакам да одморам“ (ВИДЕО)

Хрватската пејачка Северина Вучковиќ падна за време на нејзиниот настап, а видеото сама го сподели со нејзините следбеници на социјалните мрежи.

„Според кореографијата планирав да се фрлам во публиката, но се случи малку порано… Всушност, ова го правам секогаш кога сакам да одморам на сцената…“, се пошегува Северина на своја сметка.

Инаку, настапот на Северина бил организиран во рамките на промоцијата на списанието „HELLO!“ за хрватскиот пазар.

Таа на црвениот тепих пристигна во сега култниот фустан во кој се појави на доделувањето на наградите во Белград во 2012 година.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Severina (@severina)

Најнови вести