Лука Бресел фантастично го одигра целото Светско снукер првенство во „Крусибл“ и на крајот заслужено стигна до својата прва титула на најпрестижниот турнир во овој спорт.
Белгиецот го совлада Марк Селби во финалето со 18:15 со тоа што го спречи пртивникот да стигне до својата петта титула во шестото финале во кое се појави, a тој стана само четвртиот небритански шампион во историјата на турнирот.
Бресел на патот до финалето го победи екс шампионот Марк Вилијамс и го совлада и претходниот шампион Рони О’Саливен, а во полуфиналето направи сензација откако од негатива 5:14 во дуелот со Си, стигна до победа од 17:15 и го направи најголемиот пресврт во историјата на „Крусибл“.
Доволен показател за напредокот на новиот 28-годишен шампион е и фактот што на досегашните пет учествува на овој турнир немаше ниту една победа во „Крусибл“ во Шефилд.