недела, 12. ноември 2023. Вести денес: 0
home Ракомет

Голем успех на Лазаров и Интерактив, во следната сезона ќе играат во повисок ранг

Голем успех на Лазаров и Интерактив, во следната сезона ќе играат во повисок ранг

Eкипата на Интерактив, предводенa од поранешниот македонски ракометен репрезентативе Филип Лазаров ја оствари зацртаната цел и во следната сезона ќе игра едно скалило погоре во германскиот ракомет.

На едно коло до крајот на шампионатот, Интерактив извојува победа против Рефрат со 28-18, а главниот конкурент Коршенбурах загуби дома од Ахен, па така обезбеди пласман во Третата лига на Германија. Македонскиот тренер не го криеше задоволството од големиот успех на тимот.

„Многу сум среќен и горд на мојот тим и сите вклучени во проектот. Можам само да им се заблагодарам на сите од се срце, играчите, тренерскиот тим и на целото семејство Шлиркамп за можноста да го тренирам овој тим. Мислам дека тимот имаше одлична сезона и на крајот заслужи промоција“, рече Филип Лазаров.

Интерактив има фантастична сезона и на 25 натпревари нема ниту еден пораз.