недела, 12. ноември 2023. Вести денес: 0
home Ракомет

ОФИЦИЈАЛНО: Брестовац го презеде кормилото на ОАЕ

ОФИЦИЈАЛНО: Брестовац го презеде кормилото на ОАЕ

Maкедонскиот ракометен тренер Данило Брестовац и официјално е претставен за нов селектор на репрезентацијата на Обединетите Арапски Емирати. Поранешниот предводник на нашиот национален тим замина од Тиквеш на неколку кола пред крајот на сезоната и се реши за нов интернационален предизвик.

Брестовац во ОАЕ пристигна уште пред неколку дена и се запозна со новите соработници во оваа федерација по што беше промовиран во селектор на оваа  селекција.