четврток, 14. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Бројот на загинати во Херсон се искачи на 23

Бројот на загинати во Херсон се искачи на 23

Досега најмалку 23 лица загинаа во вчерашното руско гранатирање на јужниот украински град Херсон и околните села, изјави регионален воен командант.

Олександр Прокудин, шеф на регионалната воена администрација во Херсон, на Телеграм соопшти дека уште 46 лица се повредени, меѓу кои и две деца.

Руските сили го гранатираа Херсон 16 пати, вклучувајќи ја и станбената област. Повеќе од 80 гранати погодија плоштадот „Привокзални“, железничка станица и премин, бензинска пумпа, две продавници, фабрика и автомеханичар, додаде тој.  (МИА)