сабота, 2. декември 2023. Вести денес: 0
home Останати спортови

Јошко Миленковски промовиран во нов селектор на македонските одбојкари

Јошко Миленковски промовиран во нов селектор на македонските одбојкари

Во пресрет на настапите на македонската репрезентација во Европската златна лига, Одбојкарската федерација на Македонија денес го промовира старо-новиот селектор Јошко Миленковски.

На прес-конференцијата во Скопје, повратникот на селекторската функција ги кажа амбициите и за плановите во претстојниот период.

– По 15 години се враќам на селекторската позиција, откако имав долго време разговори со раководство на федерацијата. Мојата цел е да го продолжам рејтингот кој Македонија го градеше изминативе години. Првата цел е да го поминеме ова лето со колку што може подобри резултати, а за понатаму идејата е да работиме на создавање и едукација на тренери, создавање школа на одбојка и создавање нова генерација одбојкари. За резултатите и очекувањата ќе зборуваме кога ќе заврши Европската лига и кога ќе направиме анализа. Натпреварите во ова натпреварување ќе ни бидат еден вид подготовка за Европското првенство на кое ние сме ко-домаќини, рече Миленковски.

Миленковски нема потпишано договор со Одбојкарската федерација на Македонија, туку соработката се заснова на меѓусебна доверба. Во стручниот штаб на Миленковски ќе бидат помошниците Хари Наковски, Атанас Милев и Хабил Ајети.

На списокот на македонскиот селектор за почетокот на подготовките за настапите во Европската златна лига се наоѓаат:

техничари: Филип Деспотовски, Ѓорѓи Ѓорѓиев, Ефтим Ричлиев, Давид Стојанов

коректори: Никола Ѓорѓиев, Стојче Арсов, Стефан Алексов

примачи: Владо Милев, Александар Љафтов, Лука Костиќ, Стојан Илиев, Ангел Бошков

средни блокери: Филип Маџунков, Филип Савовски, Филип Лепидовски, Славе Наков, Иван Андонов,

либеро: Дарко Ангеловски, Васе Михаилов, Костадин Ричлиев.

Противници на „црвено-жолтите“ во групата ќе бидат Украина, Белгија и Хрватска. Натпреварите почнуваат на 27 мај.