среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Мицкоски: За Македонија и сите нејзини луѓе ќе ја промениме оваа власт и ќе победиме- ќе има и одговорност!

Мицкоски: За Македонија и сите нејзини луѓе ќе ја промениме оваа власт и ќе победиме- ќе има и одговорност!

Македонија не е само нивна, таа е и моја, многу повеќе наша заедничка, на напатениот и горд народ чија самодоверба ја рушат, ја уриваат секоја надеж, за да може полесно да владеат. И затоа, треба добро да знаат. Ова е Македонија, ова е Македонија за сите, Македонија на секој еден човек, моја, ваша, единствена. И дека за Македонија и сите нејзини луѓе ќе ја промениме оваа власт, и дека ќе победиме. И таа победа ќе биде за секој еден човек кој го потурнуваат настрана, кој го обесправуваат, истакна лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

-И да, ќе има одговорност за секој криминал, за секоја неправда, за секоја солза на македонската мајка, нејзино чедо и работник на чиј грб тие печалат пари. Нема да се смирам додека не го вратат украденото и додека не одговараат пред законите.
Не само победа над нив, туку и одговорност! Мора да има одговорност!, додава Мицкоски.

Најнови вести