четврток, 28. декември 2023. Вести денес: 0
home Скопје

Утре посебен режим на сообраќај во Скопје- овие булевари и улици ќе бидат затворени

Утре посебен режим на сообраќај во Скопје- овие булевари и улици ќе бидат затворени

Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје утре ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќај поради одржување на улична трка на 10 километри насловена како „Халк Еко Скопје трча 10К“, во организација на Сојуз на спортови на Скопје.

Со почеток во 08.30 часот до 10.30 часот стартна позиција е на бул.„Илинден“– локација Фонтана, а натпреварувачите ќе се движат по бул.„Илинден“ до крстосница со ул.„Никола Парапунов“, потоа до крстосница со бул.„Партизански Одреди“, десно до Влајков мост каде што вртат полукружно и назад по истиот коловоз до крстосницата со ул.„Љубљанска“ каде што вртат полукружно и по истиот коловоз повторно се враќаат назад на ул.„Никола Парапунов“ и по бул.„Илинден“ до целта на локација Фонтана на бул.„Илинден“, при што сообраќајот ќе се пренасочува по околните сообраќајници.

МВР апелира до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат наредбите кои ќе ги даваат полициските службеници каде што ќе се одвива настанот.