четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Утре посебен сообраќаен режим за натпреварот Македонија-Италија

Утре посебен сообраќаен режим за натпреварот Македонија-Италија

Секторот за внатрешни работи Скопје, односно Единицата за безбедност на патниот сообраќај на 09.09.2023 (сабота), поради меѓународниот фудбалски натпревар помеѓу репрезентациите на Македонија и Италија, ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќај за безбедно и непречено одвивање на сообраќајот.

Од тие причини, сообраќајот по сообраќајниците околу националната арена „Тодор Проески“ во Скопје ќе се одвива со посебен режим.

МВР апелира до сите граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници по сообраќајниците опфатени со посебниот режим на сообраќај.