сабота, 18. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Вознемирен коњ направи инцидент на крунисување на Чарлс Трети

Вознемирен коњ направи инцидент на крунисување на Чарлс Трети

За време на денешното крунисување на британскиот крал Чарлс Трети, се случи помал инцидент кога вознемирен коњ, кој беше дел од кралската поворка, налета на толпата луѓе која го следеше настанот на улиците на Лондон.

Според Sky News, во таа прилика нема повредени.

Претходно, силниот дожд ја отежна поворката со коњи што ја јаваа припадници на војската и вооружените сили за време на парадата.

Церемонијата на крунисувањето на кралот Чарлс заврши денеска со поздрави од членовите на кралското семејство од балконот на Бакингемската палата.

Десетици илјади луѓе се собраа пред палатата за да ја поздрават новата британска кралска двојка.