четврток, 23. ноември 2023. Вести денес: 0
home Ракомет

Вajперс и Ѓер стигнаа до завршниот турнир во женската ракометна ЛШ

Вajперс и Ѓер стигнаа до завршниот турнир во женската ракометна ЛШ

Бранителките на титулата во женската ракометна Лига на шампиони, ракометарките на Вајперс Кристијанштад и ракометарките на Ѓер се пласираа на завршниот турнир од оваа натпреварување. Вајперс победи на двата натпревари против Рапид од Букурешт. Првиот на гостински терен го доби со 31:25, а потоа беше поубедлив на својот паркет со 40:31 (18:18).

Најефикасни во тимот на Вајперс беа Амали Андерсен со седум гола, Маркета Јеребкова и Јасмина Робертс со по пет и Катарина Јежиќ со четири гола. Кај Рапид, Марија Грозав постигна седум гола, Јулија Букеши и Фрага Фернандез по шест гола.

Ѓер како гостин го победи Одензе со 29:27, а потоа на домашен терен славеше со 37:28 (21:14). Ана Грос со 10, Естел Минко со седум, Надин Шачи со пет гола беа расположени за игра во нападот кај Ѓер. За Одензе шест гола постигна Бо Ветеринг, по четири Ниланд Ардал и Лариса Нусер.

Остануваат уште две места на завршниот турнир. Списокот ќе биде комплетиран утре по реванш дуелите меѓу Букурешт и Есбјерг (прв натпревар 28:32) и Мец и Ференцварош (32:26).