РК Мулти Есенс е новиот шампион во Првата македонска ракометна лига по победата над РК Металург РА.Ракометарите на Мулти Есенс од следната натпреварувачка сезона ќе настапуваат во најсилната Суперлига.
Денеска успеаја да ја совладаа екипата на РК Металург РА со конечен резултат 30:25.На три кола до крајот на натпреварувачката сезона го добија шампионскиот пехар.
РК Мулти Есенс има учинок од 15 победи во 15 одиграни плеј-оф натпревари и недостижна предност пред ривалите