понеделник, 20. ноември 2023. Вести денес: 0
home Ракомет

Познати се учесниците на женскиот ракометен Ф4 во ЛШ

Познати се учесниците на женскиот ракометен Ф4 во ЛШ

Актуелниот европски шампион Вајперс Кристијансад ќе ја брани титулата во Лигата на шампионите во женска конкуренција, откако четврта сезона по ред обезбеди учество на Ф4 турнирот во Будимпешта.

Вајперс Кристијансад за противник во четвртфиналето ја имаше екипата на Рапид Букурешт. Норвешкиот тим на првиот дуел триумфираше со 31:25, додека на вториот дуел забележа поубедлива победа од 40:31. Деби настап на завршницата ќе има екипата на Ференцварош, па така Унгарија ќе има два претставника во борбата за европската титула.

Ференцварош иако загуби на првиот дуел од Мец со 32:26, сепак, на реваншот во Франција имаше повеќе среќа и со победа од 33:26 го завери билетот за Ф4 турнирот. Есбјерг во четвртфиналето со две победи (32:28, 33:31) го елиминираше Рапид Букурешт. Тимот од Данска во ланската сезона го имаше дебитанскиот настап на Ф4 турнирот и во натпреварот за трето место беше поразен од Мец.

По 8-ми пат на Ф4 ќе учествува Ѓер откако лесно го мина Оденсе во четвртфиналето. Ѓер на натпреварите против Оденсе триумфираше со 29:27 и 37:28.