недела, 10. декември 2023. Вести денес: 0
home Останати спортови

Лионел Меси ја доби наградата „Лауреус“ за најдобар спортист на светот

Лионел Меси ја доби наградата „Лауреус“ за најдобар спортист на светот

Фудбалерот на ПСЖ, Лео Меси кој со Аргентина го освои Светското првенство, по вторпат ја доби наградата „Лауреус“ за најдобар спортист на годината кој е и единствениот фудбалер со ова признание.

Меси на клупско ниво немаше некоја посебна сезона, но трофејот со аргентинската репрезентација му носи и индивидуални признанија.

Едно од нив е „Лауреус“. Тој за оваа награда ги победи Килијан Мбапе, Рафел Надал, Макс Ферстапен, Стеф Кари и рекордерот во скок со стап, Арманд Дуплантис.

„Ви благодарам на сите за наградата. Задоволство е да се биде тука и да се добие оваа награда, но фудбалот е тимски спорт. Го исполнив својот најголем сон и го освоив Мундијалот. Во минатото имав многу среќни моменти со Барселона и многу тага со националниот тим, имаше многу пречки, но успеав да станам подобар и да го освојам трофејот“, кажа Меси.