недела, 19. ноември 2023. Вести денес: 0
home Познати

Летен охридски спектакл: Ацо Пејовиќ со голем концерт на „Билјанини извори“

Летен охридски спектакл: Ацо Пејовиќ со голем концерт на „Билјанини извори“

После незаборавните скопски концерти, „Balkan Media Production“ Ви гo претставува летниот охридски спектакл.

За прв пат на голем open air концерт во Охрид, на 29-ти јули, ќе имаме можност и задоволство да го видиме и сигурно најсупериорниот вокал на балканот во моментов, маестралниот Ацо Пејовиќ.

Се разбира, за неговиот фантастичен перформанс да се доживее како што треба, локацијата ќе биде „Билјанини извори“ кое е совршено место за ваков тип на концерти.

Ацо Пејовиќ ќе настапи со песните кои ја одбележаа неговата кариера од почеток, па се до извонредните изведби на: „Da si tu“, „Sve ti dugujem“ и „Ponoc“, песна која ги руши сите рекорди на слушаност.

Билетите се веќе пуштени во продажба и истите може да ги најдете преку продажната мрежа на www.kupikarta.com, Југотон, Розе Веро 2 и кај Аждер.

Многу љубов, емоции и насмеани лица ги одбележуваат концертите на Ацо Пејовиќ, ништо поразлично нема да биде и овој пат.

Најнови вести