вторник, 14. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Хорор во сиропиталиште во Полска: Убиена тинејџерка, повредени девет лица

Хорор во сиропиталиште во Полска: Убиена тинејџерка, повредени девет лица

Маж кој со нож влегол во сиропиталиште во Полска убил тинејџерка и повредил девет лица, соопшти денеска полицијата.

-Нападот се случил во вторникот вечерта, а полицијата го уапсила напаѓачот и го истражува мотивот за нападот, изјавила за државната телевизија портпаролката на полицијата Анета Собјерај.

„За жал, како резултат на нападот, 16-годишна тинејџерка, жителка на сиропиталиштето, почина на самото место, а пет лица се хоспитализирани“, рече Собиерај, пренесе Ројтерс.

На останатите повредени им била укажана лекарска помош на лице место.