недела, 11. февруари 2024. Вести денес: 0
home Вести

Претседателот Пендаровски ја прими Викторија Билинг, директорка за Европа во британското МНР

Претседателот Пендаровски ја прими Викторија Билинг, директорка за Европа во британското МНР

Претседателот Стево Пендаровски денеска ја прими Викторија Билинг, директорка за Европа во Министерството за надворешни работи, Комонвелт и развој на Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска.

Двајцата соговорници разговараа за развојот на билатералните односи меѓу двете земји, регионалните предизвици, соработката во НАТО Алијансата, како и за европската перспектива на Македонија.

На средбата беше реафирмирано долгогодишното партнерство и пријателство меѓу Република  Македонија и Обединетото Кралство, при што претседателот Пендаровски се заблагодари за континуираната британска поддршка и успешната соработка во повеќе области.

Во таа насока, претседателот истакна дека процесот на европската интеграција на земјава и натаму претставува главна движечка сила за трансформација на општеството, којшто позитивно влијание врз стабилноста и развојот на целиот регион.

Најнови вести