сабота, 2. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Во бразилскиот дел на Амазонија намалена сечата на шума за 68 отсто

Во бразилскиот дел на Амазонија намалена сечата на шума за 68 отсто

Уништувањето на шумите во бразилскиот дел на Амазонија во април се намалило за 68 отсто во однос на истиот месец минатата година, покажуваат официјалните податоци објавени денеска, што укажува на голем резултат, но дали тоа е траен тренд останува да се види.

Четири месеци по доаѓањето на власт на Луис Инасио Лула да Силва, кој вети дека ќе стави крај на уништувањето на шумите во најголемата прашума во светот до 2030 година, уништени се околу 328 квадратни километри шумска површина, според сателитски податоци на Националниот институт за вселенско истражување.

Тоа е драстично намалување во споредба со намалувањето на 1.026 квадратни километри во април 2022 година, последната година од владеењето на Жаир Болсонаро.

Тоа е и најголемиот пад во 2023 година, по падот од 61 процент забележан во јануари, во споредба со истиот месец во 2022 година.

Екологот Даниел Силва рече дека има знаци на подобрување во Амазон.

Експертот предупреди на ситуацијата во Серадо, савански регион богат со биодиверзитет кој се наоѓа на југот на Амазонија, каде уништувањето на шумите е зголемено за 60 отсто во првите четири месеци од оваа година.