недела, 12. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Зеленски на средба со Матарела

Зеленски на средба со Матарела

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска пристигна во Рим и се сретна со италијанскиот претседател Серџо Матарела, а се очекува да се сретне и со други италијански функционери и со папата Франциск, јави ДПА.

Зеленски пристигна во палатата Квиринал, официјалната резиденција на Матарела во италијанскиот главен град, нешто по 12 часот (10:00 часот по Гринич), каде Матарела го пречека во дворот.

По интонирањето на химните на двете држави, политичарите влегоа во зградата на приватен разговор.

Се очекува Зеленски во текот на денот да се сретне и со премиерката Џорџа Мелони како и со папата Франциск.

Патувањето во Италија е „важна посета за победата на Украина која доаѓа! напиша Зеленски на Твитер.