четврток, 21. декември 2023. Вести денес: 0
home Останати спортови

Калин Ивановски не успеа да триумфира на турнирот во Куршумлиска бања

Калин Ивановски не успеа да триумфира на турнирот во Куршумлиска бања

Калин Ивановски во финалето на ИТФ турнирот во Куршумлиска бања е совладан од четвртиот носител Французинот, Клемен Табур.

Нашиот најдобар тенисер е совладан со 2:1 по сетови 4:6, 6:3 и 2:6 во меч што траеше два часа и 39 минути.

Ивановски во Куршумлиска Бања покрај пласманот во финалето на крајот славеше и во игра на двојки кога во вчерашното финале триумфираше со Украинецот, Олександар Овчаренко.

Ивановски останува во Србија и во текот на следната недела ќе биде дел од ИТФ турнирот во Куршумлиска бања што се игра за награден фонд од 25.000 долари.

Калин се враќа во Македонија каде ќе биде дел од тунирот во Скопје кој е на програмата од 21 до 28 мај.