понеделник, 25. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

„Ковачевски е урнисувач, училишната зграда во село Подвис, каде за прв пат почнува да се изучува македонски јазик на таа од фашистите ослободена територија се распаѓа, власта не прави ништо“

„Ковачевски е урнисувач, училишната зграда во село Подвис, каде за прв пат почнува да се изучува македонски јазик на таа од фашистите ослободена територија се распаѓа, власта не прави ништо“

Во сеопштата катастрофа што ја предизвикаа во изминатите 7 години откако владеат со Македонија, владата на СДСМ и ДУИ, најпосветено во континуитет удира по столбовите на македонската државност, велат во партиското соопштение од ВМРО-ДПМНЕ.

Откако продадоа сѐ што може да се продаде како национална вредност и откако се откажаа од сите национални атрибути, преостана да удрат по живите сведоштвата кои се најголемиот доказ за македонскиот историски, национален и јазичен континуитет.

Најеклатантен пример можеби е училишната зграда во македонското село Подвис, каде во 1943 година за прв пат започнува да се изучува македонскиот јазик во оваа ослободена од фашистите територија.

Овој споменик на културата, за жал и срам на власта, оставен на заборавот се распаѓа и тоне, со себе урнисувајќи ја целата народна меморија за овој настан.

Потписот на урнисувачот е јасен и лесно препознатлив. Тоа е Димитар Ковачевски.

Меѓутоа, како и за сѐ во животот, многу брзо доаѓа заслужената казна за ненародната власт на СДСМ.

Изборите се на прагот, а народот силно ќе го осуди ова злосторство кое им го приреди СДСМ и Ковачевски, се вели во соопштението на партијата.

Најнови вести