четврток, 23. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

ЦРНО УТРО ВО МАКЕДОНИЈА – го убил соседот што живеел над него во зградата, па се самоубил, еве ги деталите!

ЦРНО УТРО ВО МАКЕДОНИЈА – го убил соседот што живеел над него во зградата, па се самоубил, еве ги деталите!

– Убиство и самоубиство се случило утринава во Демир Капија, ваквата вест ја потресе демиркаписката, но и јавноста во Тиквешијата.

Видно потресен, градоначалникот на Демир Капија, Лазар Петров потврди за МИА дека се случил немил настан, но не знаеше да каже детали за случајот. Изрази жалење и очекува истрагата да покаже што точно се случило.

Неофицијално, повозрасен човек над 64 години, пукал во соседот што живеел над него во зграда, на возраст од околу 34 години. Наводно, причината била претходна расправија.

МИА се обрати до МВР и Обвинителство и се очекува официјална информација од нив во текот на денот.

Најнови вести