сабота, 25. ноември 2023. Вести денес: 0
home Останати спортови

Кајакарското ЕП на „Матка“ со над 200 кајакари од 18 земји

Кајакарското ЕП на „Матка“ со над 200 кајакари од 18 земји

Директорот на Агенција за млади и спорт Наумче Мојсовски го најави отворањето на овогодинешното Европско првенство за сениори во кајак спуст на диви води на Матка. Над 200 кајакари од 18 земји ќе учествуваат на натпреварите закажани од среда (17 мај) па се до сабота (20 мај).

Агенцијата за млади и спорт со задоволство учествува како партнер на Кајак Федерацијата во организација на ова Европско првенство.

Претседателот на кајак федерација Дрилон Леши го изрази своето задоволство од пријавената бројка на натпреварувачи кои доаѓаат од различни држави. На пресот организиран во АМС со свое видување се обрати и Мануела Гвен, претседател на комитет за спуст при Европската кајак федерација.

Среда и четврток се првите два дена од првенството, ќе има трка во спуст класик, а последните два дена се трките во спуст спринт.

На овој настан се очекува влез во финалните трки за македонските кајакари Александар Златанов и Кристијан Лазаров.