Јутјуберот Еван Џанг од каналот Your Average Gent прифати 30-дневен предизвик во кој правеше 300 сквотови (чучњеви) секој ден. Решил да види дали тоа ќе му помогне да ги набилда квадрицепсите.
„Бидејќи не ги тренирав квадрицепсите навистина долго време, ќе одам полека. Ќе почнам со серии од 20 сквотови и ќе ги распоредам во текот на денот“, изјави тој на почетокот.
Тој се задржа на тоа. По 30 дена и 9.000 чучњеви, големината на неговите квадрицепси се зголеми за 2 и пол сантиметри.
„Овој предизвик е навистина тежок, особено на почетокот. Првата недела се чувствував како да ми горат нозете, сè ме болеше. Кон крајот на предизвикот се адаптирав така што во последните 10 дена можев да правам 30 сквотови во серија, наместо 20. Сепак, морам да признаам дека ова е веројатно еден од психички и физички најисцрпувачките предизвици што некогаш сум ги направил“, заклучил тој.