четврток, 23. ноември 2023. Вести денес: 0
home Ракомет

Вардар и Пелистер во последните две кола ќе играат во ист термин

Вардар и Пелистер во последните две кола ќе играат во ист термин

Ракометната федерација на Македонија (РФМ) ги одреди термините за 13. коло од плеј-офот во Суперлигата, претпоследно од домашниот ракометен шампионат за оваа сезона.

Еурофарм Пелистер е во пол-позиција по победата над Вардар 1961 во Битола, па ги држи конците во свои раце и со две победи на последните две средби ќе стане шампион на Македонија за првпат по 2005 година.

Битолчани ќе гостуваат кај Охрид кој игра за Европа, додека Вардар исто така гостува кај Тиквеш. Интересно е што не само за Вардар и Пелситер се овие дуели значајни, туку истото важи и за Охрид и Тиквеш затоа што двата тима се борат за последното европско место.

Двете средби ќе се играат во ист термин. Ќе стартуваат во сабота, со почеток од 20:00 часот. Еден час порано од 19:00 на терен ќе излезат Алкалоид и Еурофарм Пелистер 2, а единствениот неделен дуел го играат Пролет и Бител Скопје (19:00 часот).