недела, 17. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Зеленски на самитите на Арапска лига и Г7

Зеленски на самитите на Арапска лига и Г7

Украинскиот претседател Володимир Зеленски ќе замине во Саудиска Арабија на самитот на Арапската лига, а потоа и во Јапонија на самитот на Г7 во Хирошима.

Блумберг, повикувајќи се на свои извори, пишува дека „Зеленски ќе отпатува во Хирошима за лично да им се приклучи на лидерите на Г7“.

Денеска во Хирошима почнува самитот на лидерите на Г7 (Јапонија, САД, Велика Британија, Франција, Германија, Италија, Канада) на кој учествуваат и челниците на Европскиот совет и Европската комисија.

Самитот на Арапската лига исто така почнува денеска во Џеда, каде за првпат по многу години ќе учествува и сирискиот претседател Башар ал Асад.