вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Останати спортови

Симона Халеп обвинета за прекршување на правила за допинг

Симона Халеп обвинета за прекршување на правила за допинг

Романската тенисерка Симона Халеп е обвинета за второ прекршување на правилата за допинг поради „неправилности во нејзиниот спортски биолошки пасош – пренесува англискиот Би-Би-Си, Халеп е суспендирана од октомври откако беше позитивна на нелегална супстанца на „УС Опен“.

Додатните обвинувања, кои се одвоени од овој случај, се однесуваат на неправилности забележани во нејзиниот спортски биолошки пасош.

Халеп била позитивна на „рокадустат“, лек против анемија кој го стимулира производството на црвени крвни зрнца.

На двократната Грен слем шампионка сега ѝ се заканува нова суспензија, но не се знае на колкав период.